16 причини зошто се појавил ѓавол во огнот во Велес

Како што знаете минатата вечер покрај снегот на гости ни дојде и претседателот на Пеколот - ѓаволот. Тој имаше кратка посета на градот на велешката пастрмајлија (така го викаат Велес?) при што оствари средби со граѓани кои беа насобрани околу огнот. Но која е целта на неговата посета? И зошто се појавил баш во Велес? Прво видете ја единствената официјална слика од посетата на претседателот на Пеколот на Македонија.

1. Грешка во Гугл Мапс. Сакал да се појави во Велс каде што има семејство, на грешка напишал Велес. На секому му се случило да тргне за Велс и да заврши во Велес и обратно

2. Гледал реклами Visit Macedonia и Macedonia Timeless. А вие мислевте фрлени пари се

3. Некој му ја собрал запалката која е на сликата и е негова па се вратил од длабочините на пеколот да си ја земе

4. Ова не е слика од коледарски оган туку од сатанистички ритуал. Успешен сатанистички ритуал

5. Го погрешил тајмингот на Рацинови средби. Само сакал да слушне ѓаволски добра поезија од 36 поети од сите страни на републикава. Ѓаволски добра поезија. Ви текнува? Хехе

6. Бил тргнат накај Демир Капија, но поради застојот на автопатот решил да помине до Велес

7. Носел магнетен појас за ослободување од болки во зглобовите и го привлекле тешките метали што ги има во земјата во Велес

8. Не е ѓаволот. Сорос е!

Додуша истото му иди

9. Некој го донел за да лапа субвенции за туристи од земји од кои нема многу туристи

10. Тука е да ја реши вечната дилема: Велешка или Штипска пастрмајлија. Бог не можел бил зафатен со решавање на дилемата дали како Струга има друга или навистина нема друга

11. Кум ќе е на наредното Коледе па редно е да се појави

12. Забавата била ѓаволски добра хехе

13. Му ја погодиле песната

14. Некоја го канела со очите! Да се испита кај била вечерта таа што го кани и Миле Кузмановски со очите

15. Цврсто е убеден дека Македонија не е само Скопје и Охрид! Можеби наредна недела ќе скока по крстот во Прилеп да ја истражи Македонија

16. Бега од Сирија. Во право беа тие што велеа дека бегалците се сотони

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот