16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Евтината струја се враќа. А вие мислевте дека само бумеранг може да се враќа во Македонија. Додека поминат статусите „I eftinata struja se vrati a ti uste mi si skarana hahahaha“ решивме да истражуваме какво влијание би можела да има евтината струја на животот во Македонија. Па еве ги нашите резултати.

1. Од толку пишување по медиуми сите ќе научат дека евтино се пишува со в, не со ф

2. Негативно: Зградите ќе мирисаат на запршка од 14 до 16. Позитивно: Евтина струја е, можеш да пуштиш клима и да не ти е гајле

3. НЕМА КАПЕЊЕ САМО ВО НЕДЕЛА! Пушташ бојлерот од 14 до 16 и се капиш кога сакаш! Вака се живее во Шведска?

4. Од парите што ќе ти остануваат се надеваме дека многумина ќе ги вложат во дезодоранс па нема да ти паѓаат трепки и веѓи кога ќе влезеш во автобус

5. Ќе имаш повеќе пари за в кладилница

Можеш дури и од дома да се кладиш, поевтина е струјата (Бесплатна реклама)

6. Слободно ќе можеш да пишуваш експертски мислења за геополитичката состојба и во текот на денот

7. Вестите на Сител почнуваат во 16 часот. Таман да го исклучиш телевизорот да не ти троши на скапа струја

8. Поевтино ќе ти е полнењето на Тесла автомобилот кој е стандард во македонското општество

9. ЌЕ СЕ ЗНАЕ РЕД: Во 14 се полнат телефони, лаптопи, се пуштаат торенти, се пегла, пере, прави ручек

10. Ако некој ти должи пари ќе знаеш каде да го најдеш - дома помеѓу 14 и 16 часот

11. Со заштедените пари конечно ќе можеш да ја купиш пилешката паштета од ЈУХОР Светозарево која отсекогаш ја сонуваше!

Sweet dreams are made of this (пак бесплатна реклама)

12. Помага многу околу женењето. Ѕвони и на фиксен и ако е дома меѓу 14 и 16 часот значи е домаќинка. Жени ја!

13. Нема повеќе секирање дали си ја заборавил ринглата. Нека гори, кој му ебе матер, на евтина е!

14. Општините ќе можат да пуштаат осветлување и денски оти има се, може се

15. Како 15 часот, кога улиците ќе се пусти како за време на Касандра затоа што еден час веќе е поминат од евтината тарифа

16. Како 16 часот - завршува евтината завршува и листата

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот