16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Дожд - временска прилика и неприлика кога од онаму каде што обично гледаш сонце тече вода. Или за македонскиот дел од интернетот апокалипса. Еве ги насловите на македонските портали за време на релативно нормален дожд кога во еден ден врни два дена хахахахаха (ludi4ki).

 

1. ДРАЧЕВЧАНЕЦ КАСНАТ ОД АЈКУЛА: Ајкулата се наоѓа во критична состојба

2. ПИЧКУ МАТЕР КОМИЧЕН СТАТУС НА НАША ВТОРОКЛАСНА ПЕЈАЧКА ГО НАСМЕА ЦЕЛИОТ БАЛКАН: ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ "Eden den vrneshe dva dena" (ПЛУС РАЗГОЛЕНИ ФОТОГРАФИИ KOИ НЕМААТ ВРСКА СО СТАТУСОТ)

3. ПАНИКА ВО НАТО! ПОРАДИ ДОЖДОТ НЕ МОЖАТ ДА ПРСКААТ СО АЛУМИНИУМ, НАРОДОТ МАСОВНО СЕ ОСВЕСТУВА

Вие мислите дека ве заебаваме...

4. КАКО ДА ИЗГРАДИТЕ НОЕВА АРКА ВО ТРИ ЧЕКОРИ (ВИДЕО НА УКРАИНСКИ БЕЗ ПРЕВОД)

5. ВМРО ДПМНЕ ОБВИНУВА: Поплавено Охридско езеро, риби се дават, а владата на СДС молчи!

6. РЕАКЦИЈА НА СДСМ: Сите знаат дека се грижиме за рибите, затоа во наше време пресуши Дојранско езеро!

7. РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Како со дождовница и лимон да ги излечите сите болести (Рецепт)

8. ЗГОЛЕМЕН ВОДОСТОЈОТ НА ПАРТИЗСНСКА И ИЛИНДЕНСКА, ЈСП ПУШТА ДВА ЧАМЦИ НА ОВАА РЕЛАЦИЈА

9. СРАМОТА: ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ УШТЕ НЕ ИЗЛЕГОЛ НА ТЕРЕН СО ЖОЛТИ ЧИЗМИ (Ретро фото од Коце со жолти чизми)

Трендовите минуваат, стилот е вечен

10. Поплавена главната улица во Македонски Брод, градоначалникот вели дека ова отвора големи шанси за развој на туризмот (Интервју)

11. УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Можно е надвор да врне, нашите екипи се на терен

12. ОВОЈ ХОРОСКППСКИ ЗНАК НАЈДОБРО СЕ СНАОЃА ЗА ВРЕМЕ НА ПОПЛАВА

13. ПOРАДИ ОБИЛНИТЕ ДОЖДИВИ НОНЕ ЕВАКУИРАНА НА МАСА (ФОТО + ВИДЕО + ПЕСНА ОД НОНЕ)

14. СЕ ИСПОЛНУВА ПРОРОШТВОТО НА БАБА ВАНЃА: Македонката уште во 1989та предвиде дека во 2017-та ќе има врнежливи денови

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

15. ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР ВО БАШИНО СЕЛО: Фатени диви гондоли кои превезувале туристи без да издаваат фискални сметки и да имаат положено англиски јазик

16. MИНИСТЕР ЗА ПРИМЕР: Место со чамец министерот за финансии Тевдовски на работа оди со пливање!

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот