15 знаци дека дошло лето во Македонија

1. Зголемен број на клиенти во банките

Немаштијата нема да те сопре „да му ебеш матер на гркот ко ќе одиш да му оставиш 1000 евра, па да се чуди“. Додуша овој одмор ќе го исплатиш во 2022-ра на пет години со каматна стапка од 5.6% фиксна во првата година ама и ти си човек. 

2. Паѓа вредноста на австралискиот долар

Во зима вредноста на австралискиот долар е околу 46 денари за еден долар во лето стига колку две паломи за еден долар. Ама ти е гајле, не си ги заработил, ти ги дала некоја тетка која нема пак да ја видиш па така ги раситнуваш тие 10 долари и одиш во летно диско.

3. ЛУКИЈАНННННН МАМИЧКА АЈДЕ ДОМА ВАРЕНАТА БРОКУЛА ТИ Е ВО ПЕРФЕКТНА ТЕМПЕРАТУРА ЗА ДА ГИ ПРИМИШ СИТЕ ЕНЗИМИ И ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ

Нема повеќе „Фрли ми сендвич, фубал играме“. Нема, кога е готова брокулата се знае, го заклучува Лукијан мобилниот, го стопира фиџетспинерот и оди домада конзумира брокулата со пластична лажица затоа што металната може да доведе до несакана оксидација и други хемиски процеси. 

Јади Лукијан мама, да пораснеш силен како татко ти Максимилијан

4. ПЕРО ОДМА ДОМА ОТИ ТИБАВ МАЈКАТА

Има и други видови на рикања од зградите за време на летото. Не јадат сите брокула, некој вози Лада и пие ракија на +45. Обично Перо е побрз од Лукијан во стигањето до дома затоа што нејадењето ќотек со ремен од ЈНА е многу попримамливо од јадењето брокула со пластична лажичка. И плус Лукијан е слабокрвен ради неухранетоста.

5. Циклон Б гас за екстерминација низ автобусите

Запотени потпазуви треба да се забранети со Женевската конвенција. Обично кој и да е носител на овој боев отров не може да најде место за седење па стои со крената рака со што дејството на овој нервен гас лесно се распоредува на просторот на цел автобус. Но како да го препознаете присуството на овој нервен гас? Лесно:

- Ве печат и ви солзат очите

- Од автобусот почнуваат да се одлепуваат лепениките за сигурност и за влез и излез

- Ви навираат суицидални мисли

- Сензорите за мирис се чувствуваат како да се силувани

- Во крајна фаза осеќаш блага поспаност и се радуваш дека можеби смртта дошла по тебе

- Слегуваш седум станици пред твојата крајна дестинација

6. Таксистите носат крпа околу врат

Што е добро, затоа што потта може да им влезе во очите и да направат беља, да им ги нагризе седиштата на автомобилот и слични нуспојави. Лошо е што цело лето ја носат истата крпа.

7. Стапала во песок на Фејсбук

Опција за оние на кои не им успеала диетата па единствено во стапалата изгледаат слаби.

Preubava si srcka moja >3

8. Слики од плажа

КОНЕЧНО таа што ја манијачиш со години заминала на одмор па сега можеш да ја видиш како изгледа полу гола. И толку е од среќата затоа што само на тоа ќе остане, но човек треба да е среќен и со мали нешта иако почнуваш да се секираш поради позите во кои се слика да не има сколиоза или кифоза. Нема така го крие стомакот и ги истакнува градите.

9. Муабетите од немање пари и кој е крив што немате пари се вртат на каде за одмор

Нема повеќе Бранко, Груевски, Заев, транзиција, ражим... Сѐ е само хроно за слабеење и Полихроно за летување! Секогаш на масата има и еден кој бил на секое место кое ќе се спомне и знае дали е добро или не, обично тој истиот што има тајни инфомрации за политичката состојба.

10. Се отвараат летните диска

Исто како нормално диско, само на отворено и доста импровизирано. Шанкот е од шперплоча, масите брендирани, тоалетот полски, пијачките топли и со трипати повисока цена (затоа што секој оди таму веќе пијан и сѐ едно му е што пие, само да го ништи џигерот). Овој локал работи и како место за аплицирање за виза за Австралија и Америка за сите ергени и локални манекенки. Првите ќе бидат со сигурност одбиени.

Сок од две литри и пластични чаши. Вредеше конзумната и чекање 40 минути на врата!

11. Латино

Само лабаво. Во ова време Македонија можеш да ја најдеш некаде на картата помеѓу Куба и Венецуела. Газдата на локалот 1997-ма кога бил во Прага купил цд „Најдоброто од Буена виста сошал клаб“ и го врти секое лето од тогаш. На рипит!

12. Почнуваш да се кладиш на бадмингтон и крикет

„Да ја почешам крастата малку хехе“. Фудбал нема, Роналдно некаде ебе манекенки, а ти седиш во зачадена кладилница со негов дрес и гледаш снимки од трки на кучиња со надеж дека ќе погодиш која џукела ќе победи па да имаш за пиво.

13. Се враќаат иселениците

За тоа повеќе ----->ОВДЕ<-----

14. Културно лето

Програма:

- Професорот по македонски од средно чита поезија во музејот

- Ликовна колонија на тема убавините на градот

- Рецитал со клавир и флејта за родителите на клавијатуристот и флејтистката

- Детски фестивал со Маша и Медо чии костими изгледаат како да се озрачени од Чернобил

- Претставуавање на монографија за градот од локалниот хроничар (279-та по ред) со колор фотографии платена од општината

- Аматерска хумористична претстава

- Екс ју бенд кој секоја година е во различен град од државава

- Кино под ѕвездите - Алтернативни ирански филмови прикажани на проектор некаде на ливада

Посетители 6 - вклучувајќи го и градоначалникот

15. Совети од УХМР и Црвен Крст

„Пијте повеќе вода“. Јебо те, како преживеал досега човечкиот род пред да каже некоја докторка дека во лето треба да се хидратираме? Сме имале среќа, а сега пијте повеќе вода, избегнувајте алкохол и мрсна храна, непотребни прошетки, а лицата постари од 70 години не ги вадете од длабокото.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот