15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

Шок и неверување! Добро да не претерваме, никој не е во шок, не е до толку важна веста дека Таравари си заминува од министерството за здравство. Но кои се причините зад овој чекор? Во недела, кога цел нормален свет пушта втора машина за перење на евтина и ја пегла првата ние истражуваме.

1. Дечишта се заебавале на #АлоТаравари.

Пример

Дечишта: Ало Таравари, ти работи телефонот?

Таравари: (збунето) Да...

Дечишта: И колку му даваш плата хехе

2. Не се живее од патни трошоци Гостивар - Скопје - И назад. Да беше од Струмица или Битола друг ќе беше муабетот

3. Разбрав дека почина Кенан Таировски и дека никогаш нема во живо да ја слушне песната за неговиот хаштаг

 

4. Собра 5000 следачи на Фејсбук, то и му беше целта, не да е министер

5. Жена му е љубоморна оти многу женски му ѕвонат на Вибер бројот што го остави за контакт со пациентите (Да бе со пациентите, шо не комуницира некој друг така со пациенти...)

 

6. Таравари е голем човек и среќата на другите му е пред сѐ, па така сака да ги израдува оние кои бараат негова оставка

7. Не му се допаѓа ентериерот во салата за седници на владата па реши повеќе да не го гледа

8. Никој одамна немаше дадено оставка па малку да прошара

9. Екс министерот за здравство Никола Тодоров имаше обид за атентат и се спаси благодарение на неговото познавање на каратето. Таравари не знае карате па кога ќе се научи ќе се врати министерската функција

10. "Нов месец, нов јас" - Таравари

11. Ги виде болниците низ Македонија. Ја виде неговата диплома. На неа пишува дека е доктор. За да се поправи сликата во здравството треба некој со диплома магионичар

12. Тодоров на заминување (исто како што направи Диме Спасов) му ги скрил далечинските од климите и телевизорите и не можел да издржи повеќе

13. Кабинетот на министерот за здравство не е по Фенг шуи

14. Откако ја виде голата слика на министерот за култура Алаѓозовски незгодно му е да е во иста просторија со него

15. Премногу се нервирал дека пензионерите не можат да му го запамтат името па го викаат Травари

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот