15 причини поради кои градот ја погоди Македонија

Вчера Македонија ја погоди град со големина на орев. Нареден пат кога ќе купувате ореви побарајте им од тие со големина на град. Но зошто Македонија беше погодена од овој град? Не е можно да е тоа временска неприлика, мора да е ХААРП нешто, затоа што пред 100 години кога немаше ХААРП немаше ни град. Еве што вели македонскиот дел од интернетот за тоа зошто се случил градот.

1. Ова е казна затоа што Калиопи не ја пуштивме оваа година на Евровизија. Се надевам дека ја научивме лекцијата!

2. Затоа што се допирате себеси, непристојно. Таканречен ракоблуд

3. За да добиете уште еден месец бесплатни ствари од Телеком кога ќе им падне интернетот

4. Да ви се пријадат ореви. Затоа и беше таа големина на градот

5. Економски причини, да останете дома и да не трошите пари!

6. Ова...

7. Градот е казна оти му ставате виножито реакции на сликите на Илија Димовски.

8. За да има зошто да се жалат земјоделците

9. Затоа што на Фејсбук му се смачи од вашите селфија па за да ставите и некоја друга слика освен од вас.

10. Пак имало роденден во централата на ХААРП па се заебавале малку

11. Ова е казна затоа што СДСМ дојде на власт

12. Ова е казна затоа што ВМРО - ДПМНЕ беше на власт

13. За да имате тема за пресмешни статуси на Фејсбук

14. Ова е завера на компаниите кои произведуваат градобијни ракети за да им се продава стоката

15. Ради парадата на гордоста

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот