15 начини на кои картите за Вардар - Фенербахче можат да вредат 3000 денари

Откако Македонија беше зафатена од фудбалска треска со висока температура (ќе биде луѓе и од нас со описите) раководството на Вардар излезе со лек. Со ладен туш за картите за натпреварот со Фенербахче тие успешно ја спуштија треската. Зошто? Затоа што картите се поскапи од тие за Суперкупот и се по 2000, 2500 и 3000 денари. И плус нема да има оро на почеток. Сепак постои можност картите навистина да вредат 3000 денари. Како? Можеби вака, но вероватно не.

1. Со картата од 3000 денари бесплатно добивате и 2500 денари

2. После натпреварот можеш да го земеш столчето за дома

3. Картата од 3000 денари е за натпреварот во Турција со платен пат, сместување и доручек. Е зошто само доручек? А шо, сакавте 5000 денари да е?

4. Ова е семејна карта, со неа можат да влезат и четири члена од семејството како што е дефинирано смејство со позитивните закони на Република Македонија

5. Картата е од злато

6. Во картата се вклучени и патни трошоци (не важи за пратеници)

7. А дали гледањето зеленило и одмарање на очите повеќе од два часа има цена? Според раководството на Вардар има, 3000 денари е цената

8. Управата сака натпреварот да се одигра во кругот на најблиските

9. Фудбалерите на Фенербахче се интроверти па побарале да нема многу луѓе за да не им е незгодно да играат

10. Ја штедат полицијата. Се умори на Суперкупот па сега пак да и прават стресови со многу навивачи? Имајте душа!

„Разбудете не ко ќе влезете во Лига на Европа“

11. Колку помалку луѓе толку покомотно ќе е. Можете и да подлегнете така да овие се карти за со спиење

12. На полувреме ќе пее Јоце Панов па сакаат да ве поштедат од тоа

13. Знаат дека е криза и знаат дека ако картата беше 1500 ќе платевте. Ама и тие 1500 че ви се потребни за живот па така ја направија картата прескапа за да ви заштедат пари

14. Клубот го раководат лица од Пелистер

15. Знаат дека добро Инстаграм стори нема цена па затоа ве лупат 50 евра

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот