14 причини зошто припадниците на ДУИ пукале со калашникови

Јавноста е шокирана дека припадници на ДУИ пукале со калашникови. Јавноста исто така може да ја шокира и сознанието дека небото е сино, тревата зелена, а водата водена. Како и да е, да видиме зошто би можеле припадниците на ДУИ да пукаат, освен глупостите што ви ги сервираат мејнстрим медиумите.

1. Имале куршуми на кои им врвел рокот на употреба па да ги искористат

2. Им завршиле петардите

3. Тие биле уствари на свадба, не за градоначалникот

4. Ловеле еребици, ништо не фатиле

5. ДУИ нема пари за огномет

6. За да пукнат душманите

7. Ова е игра, нешто ко Кантер Страјк само во реалноста

8. Ги чистеле калашниковите, да видат дали се ок, затоа што неисправно оружје може да предизвика несакани повреди и смрт

9. Славеле дека Чаир ќе биде вело општина

10. А шо, поубо ќе беше со хаубици да пукаат? Не барајте леб преку погача

11. Им треба внимание, а не знаеле како да го привлечат. Ова може да е и повик за помош

12. Воздухот ги пцуел па овие му вратиле

13. А шо, пубо ко Брејвик во луѓе да пукаат?

14. Кој пука, зло не мисли... А тоа за пеење беше? Епа ај на другите избори

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот