14 причини зошто камионот пропадна во фонтаната

Покрај враќањето на екипата на Вардар (на која и го честитаме европскиот трофеј со желби за понатамошни успеси) вест на денот е пропаѓањето на камионот во фонтаната на плоштадот Македонија. Но зошто се случи ова и зошто баш сега? Како првенци на истражувачкото новинарство истражувавме што може да се прочините.

1. Камионот е пуштен од друг, ривалски тим за да им го помати славјето на навивачите на Вардар. Ниско, ниско...

2. Камионот само сакал да се поклони пред споменикот Воин на коњ и малку се занесол

3. Му се слошило од топлото па паднал

4. Жолти комбиња прислушуваа, жолт камион ја уништи фонтаната. Случајност? Само наивни би рекле дека е случајност...

5. Уметнички перформанс. Додуша ова е авангардна уметност која ретко кој ја разбира, но тоа не ја намалува вредноста на перформансот

6. За инает на Битола која нема фонтана во која може да пропадне камион

7. На камионот му се пиело вода, а фонтаната била исклучена

8. Фонтанат го провоцирала и овој и влегол со глава. Таа нему...

9. Камионот сакал да глуми Титаник

10. Некои сметаат дека ова е доказ за неквалитетот на фонтаната. Но што ако целото ова е само за да се докаже квалитетот на ФАП камионите?

11. Прегреан мотор. Нема да се фрли цел камион за неколку плочки

12. Лична хигиена. Камионот влегол само малку да се исплакне во водата

13. Камионот е суицидален

14. Сакал да изгради базен во кој ќе можат да уживаат најмладите, а да се разладат и постарите

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот