14 причини зошто е зголемен буџетот за патни трошоци на собранието

Синдромот на Силвана Бонева (научно докажан од Science today) на земање на огромни патни трошоци изгледа дека е заразен, а како дувло на заразата се јавува собранието на Република Македонија. Па така во буџетот за 2018-та е предвидено да се зголемат патните трошоци од 650.000 евра на 1.300.000 евра. Сигурно дека ова е повеќе од потребно, а еве зошто е потребно зголемувањето на патните трошоци.

1. Патуваат по автопатот Кичево - Охрид, а како што знаете, тој е згрешен па им требално многу повеќе време и гориво да се снајдат како да стигнат до Скопје

2. Поради скромност. Да имаа некоја нова кола на М, со Еуро 724 стандарди што троши две капки бензин на 100 километри ќе имаа и помалку. Вака старо Југо троши многу!

3. Не се трошоците големи, бензинот е скап

4. Доаѓале со личната ракета на работа во собранието

5. Одат на работа преку Франкфурт

6. Наивни се, овие на бензинска ги кинат, им наплаќаат десет пати поскапо

7. Технологијата е крива! Не се пратениците криви што сеуште немаме возила на вода или воздух

8. „Епа ај ако не пешки да идиме“ - пратениците

9. Во патните трошоци се вклучени и бенд од тројца за да им свират додека патуваат затоа што им е расипано радиото

10. Ладно време, со пуштена клима повеќе троши

11. Спој на корисното и практичното. На работа идат со Сканија која ја користат за носење на пратки за да можат да заработат пристојно затоа што 1000 евра се мала плата

12. „Како мислиш и купувањето на нова кола и рата за колата на жена ми не влегуваат во патни трошоци? Влегуваат, види таму“

13. Поскапе акцизата за дизелот, нормално дека треба повеќе пари за транспорт пошто е горивото поскапо

14. Од стрес. Пратениците јадат на стрес, се дебелеат и после на автомобилот му треба повеќе сила и гориво за да се придвижи. А да не ги секиравте ќе беше многу поевтино

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот