12 најшокантни филмски умирања

Кога се пишува на оваа тема мора да се објасни дека тука станува збор за 13 филмски умирања во смисла дека смртта настапила изненадно, понекогаш и самиот убиен и останите ги остава во шок. Најшокантни поради начинот на кој се случиле или средствата/оружјето со кој се направени. Сосема сме сигурни дека некоја брутална сцена не ќе биде на листата, но сепак станува збор за листа со произволно потекло.

Спојлер Алерт!

The Departed (2006)

Откако на покривот ќе го изненади Ди Каприо, на Мет Дејмон не му се пишува добро. Со лисици на рацете и после неуспешен обид за преговарање околу сопствената судбина, се помирува со тоа дека е готов: „Just kill me now.“ „I am killing you,“ му одговара Лео. Или не, Лео, или не...

Drive (2011)

Ова е филм кој инспирира за пишување на вакви статии, од многубројните умирања кои тука можеме да ги видите, најтешко паѓа смртта на Брајан Кренстон, кој таман да помислите дека се извлекол, доаѓа кај својот „пријател„ му пружа рака и добива со жилет „down the road, not across the street“. Ужасно чувство на агонија кога ќе знаеш дека е готово и по тоа прашање не можеш на направиш ништо.

The Godfather (1974)

На сите позната мафијашка одмазда за кој причина може да биде и најмала грешка. Предавствто не спаѓа во таа категорија, а судбината на секој мафијаш кој работи против своето семејство е прилично извесна. На сите тоа им е приличен шок, Ал Пачино покажува дека нема „сива зона“, или простување, дури ни кога сопствениот брат е во прашање. Прилично децентна ликвидација, ако не ја споредеиме на пример, со онаа на другиот брат.

Gone Girl (2014)

Веројатно ќе го осетите најголемото гадење кон некој фиктивен филмски лик, преку оваа сцена на филмот кон Розмунд Пајк. После приично сликовито убиство, уште успева да исценира дека се работи за силување.

The Warriors (1979)

Сајрус, водачот на најсилната банда во Њујорк, симнат е во текот на инспиративен говор на делегатите на останатите банди : „Can you dig it?“ Очигледно не, ако го прашува Дејвид Патрик Кели. Дополнителен шок е и причината поради која е убиен: „No reason, I just like doing things like that.“

End of Watch (2012)

Ги мразам овие филмови во кои ти ги приближуваат ликовите, ги прават такви што не можеш да не ги засакаш, се е супер, а потоа наеднаш ти ги одземаат. Што мразам уште повеќе? Кога ќе ти земат еден од нив, а другиот го оставаат во солзи со неговата жена и малото, штотуку родено дете.

Gran Torino (2008)

Иако не сме навикнале да го гледаме Клинт Иствуд како умира во своите филмови, тој кога умира, го прави тоа со стил. За да го спаси својот помлад сосед од бандата, Клинт прво им го привлекува вниманието  на целото соседство, па од јакната извлекува секогаш опасен рака-пиштол на што измамените членови на бандата го убиваат како зајак.

Saving Private Ryan (1998)

а

Адам Голдберг во очаен обд да убие Германец извлекува нож па го добива назад од двапати поглем противник, и тоа дирекно во срце.

La vita è bella (1997)

Еден мал дел од нас умира кога Бенини ќе му намигне на малиот син, ќе тргне кон темната уличка и никогаш од не се враќа.

Pulp Fiction (1994)

Траволта на школо не го учеле дека цевката никогаш не се вперува во никого. За прстот на окидачот и да не зборуваме. Што би рекол Боб Рос, „we don’t do mistakes, just happy little accidents.“

L.A. Confidential (1997)

Таман ќе налеташ на одличен доказ кој полека го демистифицира комплексниот случај на кој работиш, па нормално е дека порво ќе одиш да му кажеш на шефот на полицијата, right? Wrong.

No Country for Old Men (2007)

Со што тој тоа него го уби? Што? Штоооооо? Му го стави ова на чело...океј...и тоа е споено за оваа боца...аха...а овој само тука стои. А ок, сфаќаме дека и ние само така би стоеле.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот