12 начини како да преживееш вечерва ако си навивач на Италија

По нерешениот резултат со Шведска, Италија не стигна до учество на Светското првенство во фудбал во Русија 2018-та. Ни беше мака да бараме дали досега имало светско првенство без Италија затоа што мораме да се фокусираме да преживеете вие, фановите на Италија. Еве како.

1. Радост дека сте еднакви со играчите на Италија. И вие и тие ќе го гледате светското на телевизија

2. Шо има врска, за четири години ќе има ново светско првенство

3. Секогаш можеш да играш на Фифа на компјутер или Плејстејшн со Италија и да ја уништиш Шведска

4. Времето лечи сѐ! Остави да помине. Исклучи интернет, мобилен, фиксен и стој на прозорец во случај некој другар да ти пушти порака “хахахаха“ по гулаб

5. Лексилиум, Дијазепам. Ништо под три милиграми! Остави да проделува 15 минути

6. Сеќавање на златните денови

7. Ако не се на ова светско ќе можат подобро да се спремат за наредното

8. Преправај се дека не ти е гајле. Користи фрази како „Фудбалот е само игра“, „Спортската фортуна беше наклонета кон Барселона“ додека се распаѓаш одвнатре

9. Италија ја изгуби светската војна па сега за една утакмица. Вагинална пареа...

10. Потсети се на промашувањето на Барези во 1994-та. Потешко е да изгубиш финале после ваков пенал отколку воопшто да не учествуваш 

11. Радувај се за Македонија. И нашата и репрезентацијата на Италија нема да се на светско

12. Проверивме. Италија не била на светско само во 1930-та во Уругвај и 1958-ма во Шведска. Стварно нема утеха...

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот