12 имиња кои можевме да му ги дадеме на аеродромот и се подобри од ''Меѓународен аеродром Скопје''

Владата реши да го прекрсти аеродромот во Скопје од “Алкесандар Велики“ во “Меѓународен аеродром Скопје“ како дел од пакетот на мерки за да се здружиме со Грција. Еве кои имиња можевме да му ги дадеме, а ја пропуштивме шансата поради недостатокот на јавна дебата.

1. Меѓународен аеродром Битола - со што би се убиле две муви со еден удар. И аеродром Битола и ново име

2. Портал за подобар живот

3. Аеродром “Апостол Павле“ - Охрид Vtor Profi

4. АеродромАлександарВелики. Споено сѐ, Коѕиас би бил среќен

5. Космодром Андон Јанев - Ќосето. Нека се чудат сите

6. Син му на Филип Втори. Ем ќе задржевме нешто ем ќе го преименувавме

Иако личи на автобуска станица во внатрешноста на Молдавија, името е битно

7. Едносмерен аеродром. Дека никој не се враќа за озбилно

8. Полигон за тестирање на Бугарски пасош

9. Friends with benefits ко веќе до таму води автопатот Пријателство

10. Не окречи се сине. Тука се можни спорови со Србија

11. 420. Кој разбра, разбра. Сепак најкористено за летање кај нас

12. Комерцијално име... Ко можеше спортската сала “Борис Трајковски“ да е VIP арена може да е и аеродомот “Аеродром Го-Мај 2003 ДООЕЛ“ или кој и да понуди најмногу

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот