10 видови на иселеници кои се враќаат на лето

Туѓината пуста да остане. Добро нека не останува пуста затоа што ако е пуста ќе нема каде да работиме и кој да ни праќа пари од таму за да можеме тука да се вадиме кога ќе згусни со банките ама така се вели зборот. Од Македонија имаат заминато многумина, ретко кој се вратил пред пензија, но секое лето се тука на одмор. Затоа Заводот за иселеништво и македонска дијаспора при mojo.mk ги анализираше луѓето кои се враќаат од странство.

1. Патриотот

Во негоиот случај совршено важи она „Не знаеш што имаш додека не го загубиш“. Откако е излезен од земјата неговите чувства кон родната грутка се зголемиле, според последните истражувања, за невероватни 257%. Не сака да го даде името и тоа често го пишува на Фејсбук од странство каде што е заминат со бугарски пасош.

2. Стар патриот

Заминат е во 70-тите години, Австралија или Германија, за како што вели „Неговата борба за Македонија“. Сега кога се враќа иако е во поодминати години сака да ја прошета држвата и да ги види сите природни убавини и туристички дестинации. Се обидува и внуците да ги научи Македонски, но Џон и Линзи не се заинтересирани. Можно е да ја има обновено куќата во селото од кое е дојден.

3. Џон и Линзи точка 2

Иако не ги интересира да научат Македонски (знаат само основи: клозето, гра, бира што не е на никој начин Македонски ама затоа што сите ги разбираат мислат дека е) тоа не ги спречува да дојдат овде и да поминат евтино на одмор. Обично изгледаат како да се на стероиди и заеднички се високи не помалку од 4 метра. Џон е вероватно шатиран со тетоважа и носи маица на прерамки, шо би рекла Цаци Пакоска синдикалка, а Линзи ќе ја најдеш на шанк во некој отворен ноќен клуб како во четири часот наутро пие вотка џус со брачеда од тука. Имаат неопислива желба да се сликаат со магаре или трактор.

4. Стари ергени

Напорно работел цел живот, собрал некое девизен апоен од државата која го ухлебила и сега сака да земе Македонка. Затоа што долго не е во држават мисли дека тоа е лесна мисија составена од три точки:

1. Доаѓаш

2. Бираш

3. Носиш

Откако ќе види дека не е така пробува со стројници, а и ако тоа не успее пробува со лични огласи во огласници кои никој не ги чита од 2003-та.

5. Иселени пет месеци

„Wow! Како се чејнџна градо! Бјутифул! Ју хев смартфон ту? Па фак, од Америка јас ти купив фиксален фоун да се слушаме!“

Иако се излезени од земјата во временска должина што слободно може да се нарече продолжен одмор тие се однесуваат како прв пат да се тука. Ништо не се сменило! Исто беше како кога замина во февруари! Ништо не е сменето од бомбардирањето во Првата светска војна освен комшијата што стави клима, а ако тоа го забележа и ти е бјутифул то е твој проблем! Ти се извинуваат дека користат англиски затоа што сега „јас така тинкам, на англиски“. Ок.

6. Исселеничка хипстерана

Обично работат како програмери, дизајнери и концептуални уметници во странство додека во слободно време во својот стан имаат веганска градина за која пишуваат во нивниот блог наменет за веганство и јапонската сурф музика од 80-тите. Кога ќе дојдат овде се зачудени од примитивизмот како тоа дека немаме соодветни патеки за уницикли и дека сѐ уште не користиме автомобили кои загадуваат колку термоелекреана во Источна Германија. „Вакви домати и јас дома си садам, органиски“. Нема везе што си му дал ГМО домат растен покрај автопат кој има штетни материи колку 15 минутно пушење на оџак од РЕК Битола.

7. Дарежливите

„Хир ар 10 бакс го бај јоурселф а хаус, а кар, фајнд а грлфредн, гет мерид, мејк капл оф чилдрен анд вит д рест инџој јоурсеф. Но нидс то тенк вујна Марика“. Да не ја тупиме вака треба да изгледате кога ќе добиете 10 долари.

8. Зачудените

Заминати се пред 50-тина години и од тогаш мислат дека Македонија е запрена во времето. Тоа ги објаснува глупите подароци што ти ги пуштаат како на пример сат со дигитрон и упатство за користење на истиот напишано рачно на 24 страници, чоколадо со објаснување дека се јаде тоа кафеавото иако фолијата изгледа попривлечно („Хехе и мајселф прф пат така се заебав ко дојдов овде, в село немаф видено чоклет“ стои утешително во пораката со чоколадото). Кога ќе дојде е изненаден што имме струја, интернет (иако не знае да го користи), топла вода (мириса ко да не знае и неа да ја користи) и слични чуда на доцниот 20-ти век.

9. „Нигде нема живот ко во Македонија“

„Го нема ова дружење, да не можеш да најдеш место за кафе во работен ден во работно време, таа топлина на комшиите, тие меѓучовечки односи“. Евентуално романтичната верзија ќе му избледне во првите четири часа. Иако никаде нема како Македонија никогаш не се враќа да живее тука.

10. Инвеститор

Се наоѓа во доцни 50-ти години и сака да се врати тука со цела фамилија. Нормално сопругата и децата не сакаат по што следи развод и одземање на 50% од тоа што го стекнал со 30 години работа. Ама и тоа му е доволно да почне бизнис тука. Ќе го инвесира во некоја глупост и откако неславно ќе пропадне поради многу причини ќе се врати во земјата од која дошол каде до пензија ќе живее со социјална помош. Никогаш повеќе нема да се врати во Македонија.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот