10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Првиот училишен ден е голем настан за два вида на луѓе: оние кои одат на училиште и оние кои дремат на Фејсбук. Не е исклучено овие два вида да се преклопуваат што би го претставиле со венов дијаграм.

Венов дијаграм се учи во второ, а за вакви Пеинт мајстории треба да си роден, нема школо за ова

Покрај за најмаладите ова е голем настан и за нивните родители, соседите, роднините, тетката од Америка шо се зеде за наш кој е таму и е алкохоличар па и се јавува на мајка ти во два сатот наутро да и плаче како е тежок живото, наставничките, за тетин ти од Америка шо е алкохоличар и ѝ го загорчува животот на тетка ти па оваа и ѕвони на мајка ти во два часот наутро да плаче, за наставничката која сакаше да најде некој од Австралија летово и да замине и повеќе никогаш да не го види школото, за наставникот по музичко што сакаше исто ко наставничката од погоре. За човештвото е општо голем ден пошто ја пуштаме нашата иднина да се образува и им ја даваме нашата иднина во нивни раце. Како и да е, еве со што ќе ви е полн Фејсбукот денес.

1. Sonceee na mama <3

Нашиот мал Максигригоријан тргнува во трета година лимарско по втор пат, сонце на мама тој, дали не е прекрасен со бричаната глава, спитфаерот и сликата од Хитлер.

2. Sonce na tetaaaa <3

Обично се работи за помало дете од Максигригоријан кое е облечено подобро од ти што си бил облечен на матура. Зачешлана коса во форма на паста за заби кога ќе ја ставиш на честичката (ако ги миеш забите ко по реклами), лептир машна, па карирана кошула и џемпер околу вратот, кафеави пантолони, бели патики. Се гледа дека малиот го спремаат да игра голф и да прави сомнителни бизниси во банка по што ќе заврши в затвор, но ќе излезе затоа што ќе се погоди да е сведок против другите.

3. Носталгија

Кај помладите се јавува во форма на идолизација на минатото без некоја посебна причина иако школото беше разрушено, наставниците полу пијани, оние по физичко по сите денешни стандарди би биле затвор за педофилија, но сепак времето ги чисти сите лоши спомени и остануваат само овие добрите. Може да се проследени со слика на која дотичниот/дотичната е со насмевка за првиот училишен ден, а може и да е само некоја срцепарателна носталгија.

4. Југоносталгија

„Ееееее во мое време, татко ми ми кладе црвена марама, ми опна една ракија, бела кошула, капче со петокрака и ме пушти да дам заклетва за Тито. Извини друже Тито шо ти се заколнавме и те заебавме! Се занеше тогаш ред, дисциплина, рад. Не ко сега младите со тие на тие тетрисите цело време зркнати!“ 

5. Критика на образовниот систем

Обично од луѓе кои одамна го напуштиле истиот. Во критиката се прави компарација со образновни систем како оној на Финска каде што децата немаат оцени или оној во Јапонија каде што нема хигиеничари и децата ги чистат школите за да се научат на некои вредности (ваљда на чистење). Се сретнува во две форми - кратка форма од неколку реченици упатена општо кон образовниот систем и конкретна критика уптаена кон конкретна подрачна установа за основна или средна наобразба.

6. Пасив агресив честитка од жена

Komsivce to najmilo odi prvo odelenie <3! Не и гајле за комшивчето кое и не оди прво туку трето одделение туку на овој начин сака само да го потсети сопругот дека сака и таа дете ама не е спремна да му каже директно.

7. Пораки до оние кои влегуваат во образовниот систем

Прво следуваат желби за успех и честитки, а потоа следи ладен туш од ништење на секоја надеж дека во оваа држава е вака или така, малку филозофија - она што животот ќе ви го претстави како предизвик нема да ве научат во ниедно школо. Се ова преоткаено со релативно лошти поетски изблици.

8. Македонијо quo vadis

Тука може да се постираат слики од лошите услови од школите, колкав бил бројот на првачиња во учебната 1473/74 и колкав е денес, лошиот однос наставничка-ученици, лош пат до школата, скепса за иднината на учениците, зошто во сендичарата пред школо е поскапен помфритот за десет денари и оти од менито е тргнат вегетаријанскиот тост. Сѐ што ќе ви падне на памет, бидете креативни.

9. Завод за статистика постови

„Оваа година 19 милијарди првачиња помалку во Македонија! ВЛАДАТА ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА!“, „РЕЗУЛТАТИТЕ НА ГРУЕВИЗМОТ: Школските клупи празни, наставниците предаваат на кукли од бутици за да не ја загубат работата (ФОТО + ВИДЕО)... Секоја година порталите излегуваат со “поразителни статистики“ за “белата чума“ и доста е. Ебете се! Не, буквално ебете се ако не сакате декоја година да има помалку правчиња, друго чаре нема!

10. Образованието во Финска/Данска/Норвешка

„Во Финска децата немаат оценки и домашно, а во Јапонија немаат чистачки, сами си ги чистат“. Погледни на часовникот. Овде е 14-ти век додека во Финска, Данска, Норвешка, Јапонија поради временските зони е 21-ви век и школите не се фарми во кои со 300 евра месечно храниш наставници кои ќе гласаат за тебе и ќе ти идат на митинзи. А и никој не ти забранува да го запишеш детето во О. У. Мика Хакинен...

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот