10 стратегии за манипулација со јавноста според Ноам Чомски

1. Пренасочување на вниманието


Вниманието на јавноста мора да се пренасочува од важните проблеми на неважни. Јавноста мора да се удави во поплава од небитни информации на тој начин луѓето не би размислувале и не би стекнале сознанија за разбирање на светот околу нив.


2. Создавање на проблеми


Овој метод се нарекува и "проблем-реакција-решение". Треба да се создаде проблем на кој јавноста би реагирала. На пример: создавање насилство и негово пренесување со цел јавноста полесно да прифати ограничување на слободите, економска криза за да се оправда рушење на социјалната држава.


3. Бавни промени


За јавноста да се согласи на некоја неприфатлива мерка таа мора да се воведува постапно, со месеци или години. Промената, која би можела да предизвика отпор, ако е изведена нагло и во краток временски период ќе биде спроведена со политиката на мали чекори. Светот така бавно се менува, а свеста кај јавноста не.


4. Одложување


Уште еден начин на подготвување на јавноста за непопуларни промени е тие да се најават однапред, многу порано пред да се спроведат. Луѓето така не ја чувствуваат наеднаш целата тежина на промените и со тек на време се привикнуваат на идејата на промена. Освен тоа "заедничката надеж за подобро утре" го олеснува прифаќањето на таквите мерки.


5. Употреба на детски јазик


Кога на возрасните им се обраќаме како на деца, се постигнуваат две цели: јавноста ја потиснуваа својата критичка свест и пораката има посилно дејство врз луѓето. Овој сугестивен механизам во голема мера се користи и во маркетингот.


6. Будење емоции


Злоупотребата на емоциите е класична техника која се користи за предизвикување на краток спој при разумното размислување. Критичката свест ја заменуваат емотивни импулси (бес, страв, гнев). Употребата на емотивниот регистар овозможува пристап до несвесното па подоцна е можно на тоа ниво да се спроведат идеи, желби, грижи, страв, принуда или пак да се предизвикаат одредени однесувања.


7. Незнаење


На сиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристап до механизмите кои подразбираат сфаќање на манипулацијата со нивна согласност. Квалитетот на образование на пониските слоеви треба да биде што послаб и под просекот за јазот меѓу образованието на повисоките и пониските слоеви да остане непремостлив.


8. Славење на глупоста


Јавноста треба да се поттикнува на прифаќање на просечноста. Треба да се убедат луѓето дека е во мода и пожелно да си глуп, вулгарен и неук. Истовремено мора да се создаде отпор кон културата и науката.


9. Создавање на чувство на вина


Треба да се убеди секој поединец дека исклучиво само тој е одговорен за сопствената несреќа поради оскудното знање, ограничените способности или недоволниот труд. Таков несигурен и потценет поединец, оптоварен од чувството на вина ќе се откаже од барање на вистинските причини за состојбата во која се наоѓа и ќе се откаже од побуна против економскиот систем.


10. Злоупотреба на знаењето


Брзиот развој на науката во последните 50-тина години создава сѐ поголем јаз меѓу знаењето на јавноста и оние кои го поседуваат и користат тоа знање - елитите на власт. Системот благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија има пристап до напредни откритија за човекот и на физички и на психички план.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот