10 работи што можеме да ги направиме со Мерцедесот од 600.000 евра и кога ќе сме ќар од него

Во јавноста се води жива дебата за тоа што треба да се направи со Мерцедесот од 600.000 евра кој го купи екс премиерот Никола Груевски. Новиот премиер Заев вели дека тој ќе остане и во него ќе се возат странски гости, некои сакаат да се продаде, други уште тврдат дека не постои. Не сме ние оние кои одлучуваат, но сепак еве некои предлози.

1. Да го пуштиме такси

Со оглед дека чини 600.000 евра кои се 36.600.000 денари, а во годината има 365 дена, ако вади по 1000-ка на ден ќе ни требаат 100 години да го исплатиме. Е ама после тој еден век се е чист ќар. Само треба да знаеш. Фала Никола за екстра профитот!

Кога ќе сме ќар: По еден век, ако не го слупа таксистот

2. Донација на здружение за заштита на животните

Ионака на мерцедесот се видливи траги од шепи на мачки. Можеби и некој рис го поминал што е добра вест и занчи дека бројот на како и да е множина од рис се згоемува.

Кога ќе сме ќар: Никогаш

3. Патувачко кино

Како што се гледа од приложеното (немаме ништо приложено, најдете сами на time.mk) и од слушнатото во бомбите Мерцедесот е опремен со екрани на кои можат да се гледаат филмови. Ако дневно продаваме по четири влезници по 500 денари значи дека сѐ што ќе се продаде после 50 години ќе е профит.

Кога ќе сме ќар: Ако во Мерцедесот пуштаат наши комедии, никогаш, иначе за 50 години

4. Споменик

После ФАП-от кој пропадна во фонтаната зошто не би го ставиле и Мерцедесот на постамент? Може и околу него вода па да фрлаат парички и да поскауваат што кола сакаат да имаат, а никогаш нема да ја добијат, сиромаштијава.

Кога ќе сме ќар: Никогаш, некој ќе ги кради парите навечер

5. Да го продадеме

И да доплатиме за да земеме понов модел од истиот затоа што има се, може се.

Кога ќе сме ќар: Ние нема да сме ќар ама можеме да се радуваме на среќата на компанијата Мерцедес, а поделена среќа е поголема среќа

6. Да го продадеме 2

И парите да ги донираме за панорамското тркало оти некако доцни со изградба.

Кога ќе сме ќар: Кога ќе проработи панорамското тркало

7. Да го продадеме 3

И парите да ги ставиме во кладилница, два во еден, коефициент 30. Ако се трефни за сите по еден Мерцедес, ако не здравје, не е сѐ во парите.

Кога ќе сме ќар: Кога ќе имаме дојдава за наместен натпревар во втора исландска лига

8. Изнајмување за свадби и матури

Ако ова го искомбинираме со фотографско студио или со ресторан па автомобилот да оди бесплатно можеме за брзо да го извадиме.

Кога ќе сме ќар: Кога и да е битно е младите да се сакаат

9. Гулабарник

Настрана што и гулабите се луѓе па и тие сакаат да живеат убаво ова би бил најскапиот гулабарник во светот со што би можел да стане и туристичка атракција, па да продаваме сувенири, а и гулабите држат цена.

Кога ќе сме ќар: Имаме министер за економија, нека пресмета тој

10. Да го тренираме за трансформер

Со ова Македонија би станала воено најмоќна сила во светот и конечно ќе можеме да го вратиме она што е наше, од Дебар до Калкута. 

Кога ќе сме ќар: Одма!

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот