10 причини зошто Драган Таневски требаше да ја добие Нобеловата за литература наместо Казуо Ишигуро

Комитетот за доделување на Нобелова награда повторно ги запоставува малите земји и нивните кандидати на сметка на големите империи. И пак ни е нанесена неправда, Нобеловата награда за литература му е доделена на некој анонимус од Јапонија со име Казуо Ишигуро наместо на доаенот на македонската литература Драган Танески. Се разбира дека оваа неправда големците од Нобеловиот институт нема да ја поправат, но ако се премислат еве 10 причини зошто би се премислиле.

1. Никој не го знае Казуо Ишигуро

Кога последен пат сте хефале некоја со цитат од Казуо Ишигуро? Вероватно и да порбате нема да ви успее пошто е на јапонски. За таа разлика секогаш можеш да хефташ со помош на цитатите од Дрган Таневски што значи дека тој е добар за твојот сексуален живот, за целата нација затоа што со тоа ќе се зголеми наталитетот.

2. Казуо е демоде

За разлика од Драган кој има средена фризура, фино зачешлана наназад за која се верува дека лечи од неплодност и од фригидност, Казуо уште носи тетратка фризура ко да е ова 92-ра, а тој спореден лик во Беверли Хилс.

3. Казуо сам си ги лајка статусите

Срамота! Не за Нобеловец туку и за кое и да е човечко суштество кое има малку од малку почит кон себе!

4. И со своите лајкови пак не го бива...

375 лајка, а демек тој најубо пиши на цел свет па му дадоа медаља. Да пишеше најубо ќе имаше по 3000 лајка ко Драган!

5. Кукле

Зборот е 0, со зборови нула, со зборови и со капс лок НУЛА пати спомнат во делата на Казуо Ишигуро! Додека во просечен статус од 45 збора на Драган го има најмалку 53 пати.

6. Кој е творец на најсрцепарателната поема од почетокот на времето?

Добро, пишува кој е автор, ама не е квиз ова, поентата е дека Казуо нема шанси никогаш да напише нешто вакво.

7. Драган Таневски има напишано текст за песна за Макфест, Казуо од друга страна не го примаат да пишува текст ни за Валандово

8. Драган Танески на секој му се обраќа со брат што значи дека има емотивна врска со секое битие на планетата, Казуо нема

9. Наслови на книгите

На Драган Таневски му се како Рамбо. Колекционер, Колекционер 2, Колекционер 3, Колекционер 4. Каузо има некои глупи наслови крадени од тубофолк песни ко „Никогаш не ме оставај да одам“.

10. Дрган Таневски е најпродаван македонски автор, Казуо не е. Којзнае и дали е Македонец!

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот