10 прашања кои отсекогаш сте сакале да поставите на девојка со силиконски гради

Дваесеттригодишната Џули има 600 милимитри силикон во телото – поточно во градите. Таа е барменка во еден минхенски бар, има прилично импресивен број на следачи на Инстраграм, а од октомври започна и своја адвокатска пракса. Пред околу една година вградила силикони во градите, после што од корпа А преминала во корпа С.

Вајс Германија и постави десет прашања, на кои таа беше повеќе од расположена да одговара детално.

Вајс: Кога луѓето те прашуваат дали можат да ти ги допрат градите за да ги осетат имплантите, дали им дозволуваш?

Џули: Ако некој љубезно ме праша, да. Луѓето се фасцинирани со имплантите за гради и тоа го разбирам. Би сакала да познавав некој таков пред операцијата, затоа што имав полно прашања. Поголемиот дел од жените не се отворени по тоа прашање. Сега знам дека многу луѓе со лажни гради, но тоа ми го кажаа дури после мојата операција.

Дали понекогаш помислуваш дека луѓето сакаат да спијат со тебе само за да видат како е да се допрат лажни гради?

Некои мажи кои не беа заинтересирани за мене пред операцијата потоа ми се додворуваа, но очигледно никогаш не се согласив на тоа. Не верувам дека некој би сакал да спие со мене само од љубопитност за моите гради.

Дали градите со имплатни имаат поинакво чувство од природните?

За тоа слушнав различни мислења. Некои луѓе велат дека немале поим дека се лажни, други велат дека се многу поцврсти. Мене ми се значително поцврсти од претходно. И кога ќе ја допреш кожата од страна, под пазувите, можеш да го осетиш работ на имплантот. Но јас нема м проблем што градите ми изгледаат вештачки. Не сакам да кријам дека се оперирав. Затоа одбрав кружни импланти наместо анатомски кои се обликувани според природните гради. Тие имаат облик на капки и поскапи се. Моите се округли.

Некои мажи велат дека повеќе сакаат природни гради. Дали тие лажат?

Мисла дека мажите генерално сакаат големи гради и не им е важно дали се природни или не. После операцијата добивам повеќе внимание, но тоа е можеби затоа што сум посреќна, посигурна и тоа се гледа.

Колку те чинеа новите гради?

Беше тоа специјална понуда и ме чинеше 3,600 евра. Со тие пари си купив нов живот. Секогаш бев рамна и тоа го мразев. Кога ќе имав секс секогаш ми беше срам да го соблечам градникот. Малите гради ми набија бизарни комплекси – кога некој тип не би ми се јвил или одговорил на порака, претпоставував дека е поради малите гради. Тие денови се готови.

Дали те болеше?

Кога се разбудив после операцијата, како на градите на имаш плоча од челик. Но тогаш сестрите ми даваа силни седативи кои ме смирија. Поминав една вечер во болница, а кога ме отпуштија ми дадоа уште посилни седативи. Најлошо е што после операцијата не можев да ги движам рацете. На почетокот не можев да облечам панталони, да држам туш или да се исправам во креветот. Уште избегнувам склекови и други вежби за градни мускули.

Дали брадавиците ти се помалку чувствителни?

И понатаму имам целосно чувство во брадавиците. Но, под брадавиците, во долниот дел на градите има некои точки во кои немам чувство. Хирургот ми рече дека веројатно ќе можам да дојам ако имам дете, но не може тоа да ми го гарантира.

Уште во 2012 година се појави информација дека здравјето на 300 000 жени низ светот е загрозено поради лошите импланти кои ги вградиле. Дали тоа некогаш те загрижува?

Не. Мислам дека не мора да се грижиш ако се оперираш во развиена, европска земја. Клиниките во Минхен се професионални, а јас внимателно избрав пред да одлучам.

Зарем не чудно во телото да имаш иста работа од која се прават калапи за печење, подлоги за мауси и Silly Putty?

Не, ни малку. Ни во еден момент не се покајав. Не се плашам дека ќе бидам сведена на 600 милилитри силикон кој го носам со себе. Кога за некој ќе ја соблечам маицата прво мора баш да ми се допаѓа, и верувам дека ќе изберам мажи кои заслужоле да ме видат гола.

Дали е вистина дека ако насочиш батериска лампа во силиконите, тие светат во темнината?

Чекај одам во тоалет да проверам. Не прекинувај. Не, нема ништо. Ова е целосно – О мој Боже! Светат! Сега дури гледам. Тоалетот е целосно мрачен и само се гледаат два светлечки црвени кругови. Ова е морбидно.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот