10 митови за преживувањето во природа

1. Треба да го исцицаш отровот од змија

Отровот после каснувањето одма влегува во крвотокот и некако нема шанси да се извади со овој метод, а само ризикувате да го проголтате. Наместо тоа обидете се да го сопрете ширењето со што ќе го врзете каснатото место.

2. Глумете мртви ако ве нападне мечка

Всушност треба што потивко да пробате да се оддалечите. Ако и покрај тоа мечката доаѓа накај вас пробајте да изгледате што поголеми и бидете гласни. Доколку ве нападне најголема шанса имате да преживеете доколку се борите со него.

3. Прво мораш да обезбедиш храна

Често мислиме дека во природа прво мораме да најдеме храна и засолниште за да преживееме. Сепак без храна човекот може да издржи и до шест недели, а најважно е да најдете вода.

4. Во кактусите има вода

Точно е дека во најголемиот дел од кактуси има течност, но најчесто таа е отровна.

5. Moвот секогаш расте на северна страна

Ова е едноставно неточно затоа што мовот расте насекаде и со оваа техника можете само да се загубите.

6. Ако некое животно јаде некоја храна можете да ја јадете и вие

И ова не е точно. На пример кучињата и волците можат да јадат потполно труло месо. Некои птици можат да јадат отровни пречурки без проблем.

7. Триењето на кожата за загревање

Триење на замрзната кожа може само дополнително да ја оштети, баш како и врела вода. Најдобро е постепено загревање идеално со ќебе.

8. Удрете ја ајкулата во носот за да се одбраните

Не се обидувајте со ова затоа што ќе останете без рака. Идеално би било да имате нешто што ќе и го пикнете во уста, како на пример боца за дишење. Доколку немате ништо при рака целете кон очите.

9. Ако ве повлече струјата пливајте паралелно со брегот

Тоа помага ако струјата ве влече дирекно кон отворено море, што е ретко случај. Во принцип би требало да се обидете да се приближите до брегот со пливање накосо.

10. Најдобро скривалиште е она кое ве штити од дожд

Сепак подеднакво важно е скривалиштето да може и да ја сочува топлината.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот