10 интересни факти кои не сте ги знаеле за Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот диктатор е еден од најзагонетните ликови на светот. Но сепак постојат некои работи за него што се знаат. Така на пример тој учел во Швајцарија, а еве што неговите колеги откриваат за него.

1. Цело време носел Ер Џордан патики

Како дете вероватно не ни сонувал дека еден ден ќе биде пријател со НБА легендата Денис Родман, но тој отсекогаш бил опседнат со кошарка, посебно со Чикаго Булс. Затоа и секогаш носел Ер Џордан патики од кои не се двоел.

2. Имал алијас

Во школото не бил заведен под вистинското име туку како Пак Ун.

3. Имал своја свита

Ким сепак имал доста специфичен живот во Швајцарија. Во секој момент околу него имало севернокорејци кои изгледале како негови слуги, асистенти и телохранители.

4. Премногу зборувал

Тој и покрај мерките на безбедност го открил својот идентитет, а колегите не му верувале.

5. Мразел ладни шпагети

Кога пријателите дошле кај него на ручек тој збеснал дека шпагетите биле ладни.

6. Изгледа имал потекло од Аеродром

Ким сакал да се облекува во тренерки и носел Најк дури и во школо.

7. Не бил баш најбистар

Иако бил две години постар од другарчињата во школото поради лошото знаење на германски ретко имал добри оценки. Во првата година на школо не бил 75 дена, а во втората година не бил 105 дена по што повторувал.

8. Се прејадувал со сирење

Ким во Швајцарија почнал да ужива во храната, посебно во сирењата. Се шпекулира дека тој во Швајцарија ја зголемил тежината за 40 килограми.

9. Сакал акциони филмови

Тој не бил многу дружељубив и често времето го поминувал пред телевизор. Кога не гледал кошарка тој гледал филмови со Џеки Чен.

10. Исчезнал

Ким едноставно го снемало од интернатот во 2000-та година.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот