10 генијални филмови кои можеби сте ги пропуштиле во 2016

Филмската 2016 година беше бурна, многу е снимено, многу излезе, а и многу не сме погледнале се уште. Многу е лесно во морето на филмови со кои сме затрупни секој ден да не се збележат некои кои би ни можеле да станат омилени.

Поради тоа, ви нудиме листа на десет избрани филмови, без редослед, кои можеби сте ги пропуштиле минатата година, а вие слободно дополнете:

Cloverfield Lane

Еден посебен филм, на многу посебен начин раскажан психолошки хорор/трилер со елементи на мистерија кои сигурно ќе ве заинтересираа и ќе го окупираат вашето внимани од првара секунда. Дејствието е сместено во атомското засолниште на фармерот Хоуард во кој после сообраќајна несреќа е заробена Мишел, на која и е кажано дека не може да го напушти засолништтето затоа што надвор се случил хемиски напад.

Train to Busan

Ако сте љубител на зомби тематиката, ова е филм за вас. Најновиот доаѓа од корејската конематографија и е оваа акциска драма. Во текот на пријатно патување со воз избива зомби апокалипса, а во центарот на настаните се таткото, богат арогантен бизнисмен и неговата мала, скромна ќерка.

Cafe Society

Новата романтична комедија на Вуди Ален и негов 46 филм по ред, помина добро и кај критиката. Приказната се врти околу млад човек кој во 30-тите години на минатиот век оди во Холивуд во потрага по филмска слава.

Ministry of Love

Филм од хрватската филмска сцена во режија на Паво Маринковиќ, симпатична летна комедија.
Министерството за љубов е филм кој на хумористичен начин се поигрува со хрватската апсурдна реалност и се шегува на своја сметка.


Don’t Breath

Екипа на тинејџери кои повремено се занимаваат со ситни кражби и одлучуваат да провалат стара куќа, чиј сопственик е беспомошен стар слепе човек. Слепиот сепак не е толку беспомошен, поранешен припрадник е на војската, чиј болен ум ќе ве држи собрани во страв во ормарот заедно со останатите ликови.

Les innocentes

Дејствитето е сместено во 1945 година во Полска во католички манастир за време на Втората светска војна. Тешка приказна за ужасите на војната и трагичата судбина на малиот човек.

13th

Документарен филм од Нетфликс, кој донесува поглед во американскиот казнен систем, посебно третирањето на афроамериканците во затворите.

Green room

Може слободно да се нарече најдобар трилер оваа година, и заслужено. Брилијантно, мрачно, бртално и страшно дело за панк-рок група која е принудена да се бори за живот во едно токсично опкружување откако е сведок на убиство на нео-нацистичка група.

Sing street

Прекрасна романтиќна комедија/мјузикл од Ирска. Во текот на 80-тите во Даблин дечко одлучува да побегне од своето семејство за да ја импресионира мистериозната девојка која ја сака.

Manchester by the Sea

Иако на изглед едноставна, ова е многу комплексна приказна за вујкото кој е приморан да се грижи за тинејџер откако таткото му умира.. Тажна и болна приказна со елементи на хумор, која ви помага да се осетите живи.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот